Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Со Свечена академија одбележан денот на Светите Кирил и Методиј

Со Свечена академија одбележан денот на Светите Кирил и Методиј

29.05.2023

Македонскиот просветно-училишен одбор со свечена академија го одбележа Денот на просветителите, светите браќа Кирил и Методиј пред стотина ученици, наставници, родители и гости во истоимениот црковен храм „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј.
„Им честитаме на сите наградени ученици, учители, родители и членови на училишните одбори за нивната посветеност за изучувањето и зачувувањето на македонскиот јазик во Австралија. Честитки за нашата ученичка Андреа Николовски која ја доби престижната награда за најдобар ученик во Македонското етничко училиште „11 Октомври” – Јагуна од министерот за мултикултура Марк Кјури. Браво Андреа, се гордееме со тебе!“, се вели во објавата на МЕУ „11 Октомври“.
error: Content is protected !!