Skip to content

Македонска заедница во Србија

СМК-Србија организираше повеќе македонски средби и Научен собир

СМК-Србија организираше повеќе македонски средби и Научен собир

19.05.2023

Во организација на Светскиот Македонски Конгрес -Србија неделава беа организирани македонски средби од Врање до Суботица како и научен собир во “Домот на книжевниците на Србија“ во Белград.
Научни достигнувања во генетички истражувања на хаплогрупи презентираше Небојша Драшковиќ, председател на невладина организација Порекло од Црна Гора, а д-р Бранислав Светозаревиќ од Македонија ја промовираше книгата “Македонци милениумски сведоштва за идентитетското име“!
На научниот собир учествуваа и Лидија Демниева, претседателка на Македонското здружение “Кочо Рацин“ од Белград, Ацо Македон Крстески, претседател на СМК за Германија и Маја Георгиевска претседатателка на Демократската партија на Македонците во Србија.
Светскиот Македонски Конгрес – Србија изрази благодарност и до другите видни учесници од Македонската заедница во Србија.
error: Content is protected !!