Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Сведоштва: Македонците прославуваат

Сведоштва: Македонците прославуваат

17.01.2023

Во весникот “The Queanbeyan Age“ на 8 октомври 1976 година објавена е вест со наслов „Македонците прославуваат“.

Во веста потпишана од Дон Димов се вели: „На 11 октомври 1941 година Македонците од сите делови на Македонија кренаа востание против окупаторите, за да ги остварат илинденските идеали за нивна сопствена слободна и независна Македонска држава.

Организираа партизански единици во Велес, Крушево, Прилеп, Охрид, Куманово, Лерин, Костур, Воден, Разлог, Мелник, Свети Врач и многу други градови, како највисока цел на национално-ослободителната војна на Македонија изразена во Анти-фашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

На Илинден, на 2 август 1944 година, во Манастирот “Свети Отец Прохор Пчињски“ се одржа првото заседание во присуство на 116 делегати од сите делови на Макединија.

Тие го избраа првиот президиум со претседателот Методија Андонов Ченто и двајцата потпретседатели Панко Брашнаров и Мане Чучков.

Најважни одлуки на заседанието беа: Официјализирање на Македонскиот јазик, Македонската црква да биде независна, и Правото на самоопределување во согласност со Меѓународниот договор (Атлантскиот пакт).

Денес во само еден дел од Македонија (Република Македонија со главниот град Скопје) Македонците можат слободно да се изјаснуваат себеси како Македонци и да зборуваат, читаат и пишуваат на својот сопствен јазик. Во другите делови на Македонија тоа не се признава и не може да се каже дека тие се слободни и просперитетни.

И’ благодариме на австралиската влада, Македонскиот народ во оваа земја е обединет и може да ги негува своите културни активности, цркви, школи, клубови итн. Најголем успех е Македонскиот фудбалски клуб во Мелбурн “Македонија“ кој игра во државната лига.

Утре, на 9 октомври 1976 година, ќе се одржи игранка во Македонската црковна сала со почеток во 7 часот навечер. Дон Димов.“

error: Content is protected !!