Skip to content

Работна конференција на Македонскиот сојуз во Шведска

Работна конференција на Македонскиот сојуз во Шведска
Претседателството на Македонскиот сојуз и претставници на македонските друштва во Шведска на 22 и 23 октомври 2022 година одржаа работна конференција во Sundsgården кај Хелсингтборг. Беа разгледани повеќе прашања поврзани со тековната дејност, а првиот дел од програмата беше посветен на презентација на новините во областа на одржувањето на студијски кружоци (studiecirklar) во соработка со АБФ. Претставникот на локалното АБФ од Хелсингборг, Сана Давидович, детално ја презентираше процедурата за изготвување студијски планови, практична реализација на кружоците и дигиталното известување до студијскиот сојуз АБФ.
Во рамки на работната конференција, со која раководеа Гордана Крклинска и Гоце Грујоски, беа разгледани и идеи и предлози околу планирање на традиционалната манифестација Ден на македонската култура во Шведска, кој во изминатите неколку години не беше организирана, најмногу поради ковид-пандемијата, но и поради намалувањето на културните активности во македонските друштва.
Работна конференција на Македонскиот сојуз во Шведска
Се слушнаа повеќе интересни мислења и сугестии, меѓу другото и дека би можело да се очекува извесно зголемување на интересирањето околу оваа традиционална манифестација доколку културниот дел би бил комбиниран со спортски активности, пред се турнир во мал фудбал, што би можело да го привлече вниманието на помладите генерации.
Дел од дискусијата беше посветен на формирањето на пензионерски секции во друштвата, кои би можеле да планираат соодветни активности во интерес на збогатувањето на созцијалниот живот на постарите членови во македонските друштва.
Заклучоците од конференцијата во наредниот период подетално ќе им бидат презентирани на управните одбори на друштвата и клубовите во составот на Македонскиот сојуз.
error: Content is protected !!