Македонска заедница во Албанија
Промоција на собрани дела од Спасе Мазенковски на 11 октомври во Пустец
12.10.2023
Вчера во Пустец во просториите на македонската партија во Албанија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се промовира првиот том “Собрани дела” на Спасе Мазенковски од с. Леска.
Првиот том “Собрани дела” ја издаде печатницата “Менора” а промотор на книгата беше проф Катерина Тодороска. Промоцијата започна на пладне со обраќање на претседателот на МАЕИ Васил Стерјовски, потоа присутните ги поздраве градоначалникот на општината Пустец.
За животот и активностите на покојниот Спасе Мазенковски зборуваше д-р Ицо Најдовски – Перин. Од 30 годишната заедничка соработка Перин истакна дека Спасе цел свој живот го посвети на Македонија соработувајќи со сите активисти од целокупна Македонија. Спасе во последната година од животот со горчина ја прими одлуката на предавниците на Македонија кога и го променија историското име. Ефтим Митревски меѓу другото информира дека ќерката на Спасе, Елеонора Мазенковски Стојан ги нашла на креветот од татка си и последните зборови: О Боже, воскресни го Гоце Делчев да ја спаси Македонија!
Потоа за делото на Спасе зборуваа Тодор Петров од СМК, ќерката на Спасе, Елеонора Мазенковска Стојан, Кирил Добрушевски од Битола читаше песна од Спасе, но за жал, емициите го совладаа и со солзи на очите седна на своето место. Песната ја дочита Васил Стерјовски!