Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Промоција на нова книга од Снежана Џамбазова – Попорданоска

Промоција на нова книга од Снежана Џамбазова – Попорданоска

13.03.2023

Во сабота (25 март) во библиотеката Мил Парк во Мелбурн, Австралија, во 13 часот ќе биде промовирана книгата „Да се живее поинаку“ од Снежана Џамбазова – Попорданоска. Ова е нејзина трета книга во која пишува за самореализација или како што вели самата „како да се ослободите од егото и да го реализирате својот божествен потенцијал“.

Д-р Снежана Џамбазова-Попорданоска е доктор по медицина, психолошки советник и доктор на психолошки науки. Таа е светски позната мотивациска говорничка и психолошка советничка која спроведува терапевски сесии на луѓе од различни делови на светот, како што се Австралија, Азија, Европа и Латинска Америка. Д-р Снежана им помогнала на илјадници луѓе од преку сто земји во светот да ги надминат своите проблеми со менталното здравје, да го најдат мирот во себе и да го подигнат своето ниво на свест.

error: Content is protected !!