Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Промоција на книгата „Вистината има голо лице“ од Велика Џангаловска Гатсис

Промоција на книгата „Вистината има голо лице“ од Велика Џангаловска Гатсис

07.04.2023

Литературното друштво „Ванчо Николески“ од Нов Јужен Велс, Австралија минатиот месец ја промовираше книгата „Вистината има голо лице“ од Велика Џангаловска Гатсис. Промоцијата се одржа во црковните простории на православната црква „Свети Илија“ од градот Квинбијан, Нов Јужен Велс.
На промоција присуствуваа гости од Квинбијан, Канбера, Сиднеј и Њу Кастел, како и амбасадорката Билјана Стефановска-Сековска.
Романот е напишан според вистинит настан и во него писателката ја опишува силата која нѐ створи и управува со нас, силата која го контролира целото наше битие, а тоа е нашиот ум, кој во еден момент нѐ искачува до совршенство, а во следен нѐ пика во црна темнина, од каде тешко се излегува.
Мислата во нашиот ум полека се вовлекува како некој црв во нашиот мозок, поткопувајќи ја нашата сигурност и почнува полека да владее со нас. Ова се случува и со малиот Давид, а може да се случи и со било кој од нас, зашто меѓу доброто и лошото нѐ дели само еден чекор.
error: Content is protected !!