Skip to content

Во МАНУ

Промоција на зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

Промоција на Зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

02.05.2023

На 4 мај 2023 година, во амфитеатарот на МАНУ, во 13 часот Институтот за национална историја ќе го промовира Зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“. Пригодно обраќање на промоцијата ќе има академик проф.д-р Љупчо Коцарев, а промотор на Зборникот е проф.д-р Катерина Тодороска, претседател на Организационит одбор на научната конференција „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“.
Во зборникот се поместени дел од трудовите кои беа презентирани на минатогодишната научна конференција „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ одржана на 3 и 4 мај 2022 година.
-Застапени се трудовите кои беа навремено доставени до Организациониот одбор, а кои беа позитивно оценети од Уредувачкиот одбор. Имаше и трудови кои беа презентирани на Конференцијата, но чии автори поради презафатеност не успеаја да ги достават навреме, а имаше и такви кои не го поминаа филтерот на рецензентите. Во овој Зборник има мноштво од сознанија до сега непознати на јавноста, а кои можат да помогнат во актуелните односи со Бугарија со тоа што ќе покажат колку е беспредметна и штетна работата на мешовитата комисија за македонската историја и иднина, вели проф. д-р Катерина Тодороска.
error: Content is protected !!