Skip to content

Во Музеј на македонската борба

Промоцијата на „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски

Промоцијата на „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски

20.03.2023

Во среда (22 март) во 12 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи промоција на книгата „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски. Книгата ќе ја промовираат Марјан Патлиџанковски, книжевник и Марјан Гијовски, историчар. Модератор на настанот е Даниела Станковска-Плачковска.  

Патриотизмот на денешницата нужно побарува квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето, истовремено, освојување на европските и светските уметнички сцени, европските и светските спортски мундијали, изградување општествени, економски и политички релации со светот кои значат вклучување во светскиот крвоток, но не претопувајќи во масата, ами со зачувана индивидуалност и интегритет, збогатувајќи го тој крвоток со свој печат. Патриотизмот на денешницата треба да одговори на предизвиците од своето време, да биде континуитет на поставените темели, да ги маргинализира лукративните елементи, бидејќи тие само ја разводнуваат енергијата и создаваат ментална матрица од типот „за да се биде, па макар и еден ден близу до царот, да се уништи и самото царство“.

error: Content is protected !!