Skip to content

Македонска заедница во Бугарија

Помен за македонскиот војвода Атанас Тешовалијата

Помен за македонскиот војвода Атанас Тешовалијата

05.06.2023

Вчера во село Тешово, Гоцеделчевско, ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН организираше собир во чест на 118 години од загинувањето на македонскиот војвода Атанас Тешовалијата.
Ова чествување, заедно со месното македонско население, ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН го организира 23-та година по ред, со поклон и поставување венци на неговиот паметник, во знак на благодарност на неговата саможртва за слободата на Македонија.
Атанас Тешовалијата е роден во 1865 година во селото Тешово (Неврокопско). Учествувал во Кресненското востание во 1878-1879 година. Од 1897 година е арамија по Пирин планина.
Во 1899 година, во село Горно Броди се среќава со Гоце Делчев, ги прифатил неговите идеи и се присоединува кон неговата чета. Во 1901 година е назначен за војвода во Неврокопската околија. Извршува поширока организациска дејност, основајќи комитети на Организацијата во сите села низ околијата.
Во април 1902 година ја присоединува својата чета кон четата на Јане Сандански во село Банско, за заедничка борба против врховистите. Атанас Тешовалијата станува еден од најверните соработници на Јане Сандански.
Атанас Тешовалијата учествува со четата во Илинденското востание, кога ги прекинува телеграфските линии во неговата околија и се судрува со турскиот аскер на планината Црна Гора кај село Зрново, Драмско.
На 12 мај 1905 година четата наидува на турски аскер. Атанас Тешовалијата загинал во тој судир, на планината Али Ботуш.
error: Content is protected !!