Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Поклон пред Гоце во Мелбурн

Поклон пред Гоце во Мелбурн

04.05.2023

Денес во дворот на Македонската православна црковна општина за Мелбурн и Викторија, Македонците од Викторија ја чествуваа 120 годишнината од убиството на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Пред споменикот на Гоце Делчев, отец Климент Станковски од МПЦО “Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица” одржа панихида, а секретарот на општината Дејан Змејковски зборуваше за животот и делото на Гоце Делчев.
Претставници на Македонската заедница, голем број на организации, положија свежо цвеќе и венци пред Споменикот во помен и спомен на великанот Гоце Делчев.
error: Content is protected !!