Skip to content

Поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан се сретна со рускиот митрополит Антониј

Поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан се сретна со рускиот митрополит Антониј

12.01.2023

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан вчера во седиштето на Ахиепископијата во Скопје имаше средба со рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската Православна Црква и викар на патријархот Кирил. Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на Синодот на МПЦ-ОА.

-Овде сме како претставници на РПЦ за да искажеме честитки за неговиот именден којшто беше пред неколку дена. Донесовме братски пораки и поздрави од нашиот патријарх, рече владиката Антониј.

Тој и г.г. Стефан по средбата заедно го посетија соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Предвидено е г.г. Стефан и митрополитот Антониј, денес заеднички да сослужуваат на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

Изјава по средбата даде и митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, кој посочи дека целта на посетата на митрополитот Антониј, кој е задолжен за дипломатијата на РПЦ, е да одржи пријателска средба со поглаварот на МПЦ-ОА, да му го честита именденот и Божик, како и да поразговараат, без да открие детали за што станало збор.

-Ова е прва негова посета на МПЦ-ОА откако РПЦ не призна какао автокефална црква. Ова е посета за која од страна на рускиот патријарх е задолжен да му го честита именденот на нашиот поглавар. Сето тоа беше еден пријателски разговор околу признавањето на МПЦ-ОА од страна на РПЦ и за понатамошна соработка, изјави владиката Тимотеј.

error: Content is protected !!