Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Повик за упис за изучување на македонски песни и ора

Повик за упис за изучување на македонски песни и ора

26.01.2023

Австралиско-македонската младинска асоцијација „Никола Карев“ и годинава започнува со изучување на македонскиот фолклор за мали и возрасни момчиња и девојчиња. Уписот се врши во просториите на „Cairnlea Community Hub“ 59 Carmody Drive, Cairnlea. Vic.

– Ние сме вистинските амбасадори на Македонскиот фолклор и песни во Австралија, придружете ни се, – коментираат од Австралиско-македонската младинска асоцијација „Никола Карев“.

Пробите за малата и средната група се секоја среда од 6.30 до 8.00 навечер, а пробите за возрасната група се секој понеделник од 7.00 до 9.00 часот навечер.

Дополнителни информации можат да се добијат на мобилен 0417 138 641.

error: Content is protected !!