Skip to content
ДПМ во чест на 13 Ноември
Писателите за Скопје – поетско читање
Писателите за Скопје – поетско читање

10.11.2022

По повод 13 Ноември – Денот на Град Скопје, Друштвото на писателите на Македонија ќе ја одржи манифестацијата Писателите за Скопје. Манифестацијата ќе се одржи утре (12 часот) во просториите на Друштвото на писателите на Македонија. Воведен збор ќе има проф.д-р Васил Тоциновски, секретар на ДПМ, кој ќе биде и модератор на програмата на манифестацијата.
На манифестацијата Писателите за Скопје, авторите ќе настапат со творби посветени на Градот Скопје. Сите авторски прилози со кои ќе настапат писателите, ќе бидат објавени во посебно дигитално издание на сајтот на Друштвото на писателите на Македонија www.dpm-pisateli.mk
На манифестацијата ќе настапат и писатели кои се уште не се членови на ДПМ. Оваа манифестација, во иднина се планира да биде традиционална.
error: Content is protected !!