Skip to content
„Виножито“ по признавањето на македонскиот јазик

Павлос Воскопулос Филипов: ќе настојуваме да се признае и македонското малцинство

Павлос Воскопулос Филипов: ќе настојуваме да се признае и македонското малцинство

01.12.2022

Во врска со реакциите во јавноста, а по повод одлуката на грчкиот суд за регистрација на Центарот за македонски јазик во Лерин, го упатувам следното известување за јавноста.
Прво, благодарејќи на пријатели во земјите членки на Европската Унија, партијата ВИНОЖИТО регистрирана во 1994 година, го впиша македонскиот јазик како малцински јазик во органите на Европската Унија многу порано од регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин.
Второ, преспанскиот договор стави “печат” на македонскиот јазик во независната македонска држава, соседна на Грција.
Трето, правата и слободите и положбата на македонското малцинство во северна Грција зависи од самите Македонци во Грција, независно дали постоел или не Преспанскиот договор.
Четврто, Членовите на партијата ВИНОЖИТО и воопшто македонското малцинство во Грција ќе се радува да ја види македонската држава проспертетна и полноправна членка на Европската Унија што побрзо, за токму таму да ги искористи благодетите на органите и финансиските можности од ЕУ за доброто на сите граѓани.
Петто, Македонците во северна Грција се радуваат и го поздравуваат секое унапредување и продлабочување на грчко-македонските односи. Припадниците на македонското малцинство ќе настојуваат Грција да чекори напред, после признавањето на македонскиот јазик, да го признае македонско малцинство и да имплементира соодветни позитивни мерки за нивните права и слободи.
error: Content is protected !!