Skip to content
Викторија, Австралија
Одржана работилница за македонскиот како наследен јазик
Одржана работилница за македонскиот како наследен јазик

07.11.2020

Македонската учителска асоцијација од Викторија, Австралија, одржа работичлница насловена „Втор јазик или Наследен јазик“ во Томастаун.
Наследниот јазик е всушност оној јазик кој најчесто го говори дијаспората. Ним прв јазик им е јазикот на земјата во која се родени, а втор или наследен е оној кој го учат од своите родители.
Наследенио јазик се одржува пред сѐ во рамки на јазичната заедница, а понекогаш и со поддршка од страна на државниот систем. Во секој случај, во таквите повеќејазични општества поголемо е влијанието на доминантниот јазик, кој е институционализиран. Тоа значи дека поголемиот дел од реалноста на луѓето се одвива на тој јазик: контактот со јавни институции, образованието на нивните деца, рекламите што ги слушаат, најголемиот дел од медиумите со кои се опкружени итн.
Одржана работилница за македонскиот како наследен јазик
Наследениот јазик говорителите го користат во рамки на заедницата и го негуваат преку формирање на културни друштва и локални медиуми на својот јазик. Иако се работи за истиот јазик, факт е дека говорителите во дијаспората го користат македонскиот јазик под поинакви услови во споредба со родените говорители што живеат во Македонија, кои се образоваат на македонски и се секојдневно изложени на јазикот во институциите и медиумите. Поради тоа, луѓето од дијаспората не се во толкава мера изложени на стандарниот јазик, туку пред сѐ на различните дијалекти со кои израснале членовите на заедницата што се родиле во Македонија.
Заради сето ова од големо значење се училиштата што се отвараат за изучување на наследениот јазик, особено за децата кои се веќе втора или трета генерација и од особено значење е тие да ги има во што поголем број низ дијаспората.
error: Content is protected !!