Skip to content

Македонска заедница во Хрватска

Одбележување на Василица во Истра

Одбележување на Василица во Истра

12.01.2023

Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“ од Пула и Заедницата на Македонците во Република Хрватска на 14 јануари ја организираат културната манифестација „Денови на македонската култура во Истра – Василица“. Културната манифестација ќе се одржи во општествениот простор на Центарот на градските здруженија „Ројц“ со почеток во 19.00 часот.

На културната манифестација „Денови на македонската култура во Истра“ ќе бидат претставени традициите и обичаите за Василица, а настап ќе има и хорот и оркестарот на МКД  „Св. Кирил и Методиј“ насловен Пееме за тебе Снежана.

Покровители на манифестацијата се Советот за национални малцинства на Република Хрватска, Истарската жупанија и Град Пула.

error: Content is protected !!