Skip to content

Сојуз на здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон

Не постојат „Егејци“ како посебен народ, тие се Македонци

Не постојат „Егејци“ како посебен народ, тие се Македонци

12.05.2023

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН со огорченост ја отфрла изјавата на заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ која во емисијата “24 анализа“ на ТВ24 на новинарката Душица Мрѓа, Македонците од Егејскиот дел на Македонија ги нарече “посебен народ Егејци“ во сопствената држава Македонија!
Не постојат “Егејци“ како посебен народ, тие се Македонци!
Македонците од Егејскиот дел на Македонија се неотуѓив, неотстапен и нераскинлив дел од Македонскиот народ. Егејот е душата на Македонија!
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН потсетува дека годинава одбележуваме 75 години од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година!
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН бара Македонската Влада да упати јавно извинување до Македонците од Егејскиот дел на Македонија поради именувањето “Егејци“ како посебен народ во контекст на барањето на Софија за впишување на Бугарите во преамбулата на Уставот на државата Македонија!
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН бара нетоповиклива оставка или разрешување на заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ.
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН бара посебна резолуција во Собранието на Македонија за осуда на геноцидот врз Македонците од нивната етно-историска територија за време на Балканските војни 1912-1913, Првата светска војна 1914-1918, Втората светска војна 1939-1945 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година од државите-окупатори на Македонија!
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и натаму бара итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, како и итно и безусловно еднострано распуштање на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја, со кои марионетската влада се откажа од деловите на Македонскиот народ во Бугарија и Грција!
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН бара итно и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија!
error: Content is protected !!