Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Натпревар по рецитирање на македонски јазик

Натпревар по рецитирање на македонски јазик

22.08.2023

Во организација на Македонскиот просветно-училишен oдбор на Нов Јужен Велс, во Сиднеј се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше oсновното училиште во Карлтон.
Голем број ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба.
Рецитирањето се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ, оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или помнењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.
Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд. Честитки и до вредните учителки кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваат грижливите родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на натпреварот.
Честитки и горди сме на сите наши ученици Андреа, Лана, Софија, Антонио, Матеј, Миланија, Талиа, Софија и Талиа Н. што беа дел од овој натпревар и за одличното рецитирање на чист македонски јазик.
error: Content is protected !!