Skip to content

Македонската заедница во Словенија

МПЦО „Богојавление“ и македонското друштво „Кочо Рацин”

МПЦО „Богојавление“ и македонското друштво „Кочо Рацин”

27.03.2023

Копер не е само прекрасен и монденски град, Копер е град на илјадници Македонци кои работејќи вредно го живеат животот поддржувајќи се меѓусебно, организирани во македонската православна црковна општина „Богојавление” и фолклорната секција „Кочо Рацин”.

Имајќи го предвид големиот број Македонци, па и студенти кои се на студии на овој дел од Јадранското приморје, од големо значење е да го искористат тоа што одредени луѓе се залагаат за опстојување на овие организирани форми, за да се зачува верата, фолклорот и идентитетот.

error: Content is protected !!