Skip to content

Македонско друштво „Илинден“ -Тирана

Македонците да се пријават за попишувачи

Македонците да се пријават за попишувачи

14.06.2023

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Република Албанија да аплицираат на повикот на Институтот за статистика ИНСТАТ, за ангажирање лица за претстојниот попис на населението и домаќинствата.
Институтот за статистика на Албанија, кој е носител на оваа значајна статистичка операција, објави повик за ангажирање лица за пописот што ќе почне на 18 септември и ќе трае шест седмици. Македонците за да бидат ангажирани треба да се пријават на https://www.instat.gov.al/al/rekrutime-cens/.
Според ИНСТАТ, за пописот ќе бидат ангажирани 8000 попишувачи, околу 1200 контролори и 6000 геодети.
Последниот попис во земјата беше спроведен во 2011 година. Планираниот за 2021 беше одложен поради пандемијата со Ковид-19, а минатата година бидејќи „не биле обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен“. Првиот попис во Албанија е спроведен во 1923 година, а годинешниот ќе биде 12-ти по ред.
error: Content is protected !!