Skip to content

МКД „Илинден“ Риека

Македонците во Хрватска го одбележуваат денот на Македонскиот јазик

Македонците во Хрватска го одбележуваат денот на Македонскиот јазик

05.05.2023

МКД „Илинден“ – Риека денес, во своите простории, ќе го одбележат 5 Мај – Денот на македонската азбука.
Во програмата ќе учествуваат ученици од основното училиште „Центар“ и од „Првата сушачка хрватска гимназија“, кои учат македонски јазик по Моделот Ц и нивните професорки Билјана Стојановска и Наталија Лековска. Со пригодно одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов, освен учениците проза и поезија на македонски јазик ќе читаат и членови на МКД „Илинден“.
Одбележувањето е реализирано под покровителство на владата на Хрватска, со посредство на Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска , како и под покровителство на Приморско -Горанска жупанија и на Град Ријека, Совет на МНМ за Град Ријека, Совет на МНМ за ПГЖ и несебично залагање на сите поединци во реализацијата на овој програм , на што најтопло им заблагодаруваме.
error: Content is protected !!