Skip to content

Македонска заедница во Албанија

Македонското друштво “Илинден“ од Тирана и Централниот совет на македонците во Германија потпишаа меморандум за соработка

Македонското друштво “Илинден“ од Тирана и Централниот совет на македонците во Германија потпишаа меморандум за соработка

13.05.2023

Вчера во Германија, претседателот на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај и претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот предвидува промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво.
Двете здруженија на Македонците покажаа интерес за градење на партнерство со цел реализација на взаемни проекти.
Македонско друштво „Илинден“ – Тирана и Централниот совет на Македонците во Германија се договорија да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција на македонската култура, размена на деца и младинци учесници во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.
error: Content is protected !!