Skip to content
Во Нов Јужен Велс

Македонски фестивал во Сиднеј

Македонски фестивал во Сиднеј

05.02.2022

Во организација на Културно-уметничкото друштво “Илинден“, на плоштадот Харствил во Сиднеј вчера се одржа традиционалниот Македонски фестивал. Настапија повеќе македонски културно-уметнички друштва од Сиднеј, кои го привлекоа вниманието на јавност. Фестивалот го следеа многу Македонци и Австралијци.
Прекрасните носии, македонските народни песни и ора уште еднаш го афирмираа македонскиот идентитет во Сиднеј, во Нов Јужен Велс, во Австралија.
На Фестивалот присуствуваа и градоначалникот Ник Катрис како и советниците Ашвини Амбихаипахар, Вероника Фикара, Лу Коњарски, Сем Елмир и Роберт Петровски.
error: Content is protected !!