Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Македонски младински семинар “Колку добро ја познаваш својата вера?“

Македонски младински семинар “Колку добро ја познаваш својата вера?“

23.12.2022

Во организација на „Македонска православна младина на Австралија“ (MOYA) неделата што измина, после две години паузирање поради пандемијата со Корона вирусот, во Црковниот културен центар во Епинг, се одржа 16-от семинар на тема „Колку добро ја познаваш својата вера?“

Младите Македонци го проследија документарецот на тема „Колку си ја познаваш својата вера?“ од Школата по веронаука за младите Македонци. Предавач беше Отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, Мелбурн, Австралија.

– Општа беше радоста дека после мачниот период на ковид пандемијата, можеме повторно да се дружиме и нормално функционираме како македонска младина на нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија. Се радуваме и на скорото признавање на нашата Црква и отварање на можноста за дружење и соработка со останатите православни младини во Австралија, – порачаа младите Македонци од организацијата „Македонска православна младина на Австралија“.

Пред одржувањето на семинарот, младите Македонци присуствуваа на света литургија во Македонската православна црква „Свети Георги и Пресвета Богородица“, а после семинарот уживаа во пригодна закуска и дружење.

error: Content is protected !!