Македонска заедница во Романија
Македонски изданија на саемот на книгата во Клуж

07.04.2023
Од средата до недела, Здружението на Македонците во Романија учествува со свој штанд на Саемот на книгата Гаудеамус во Клуж-Напока.
-Повелете на нашиот штанд да не запознаете, да ви раскажеме за македонските традиции и обичаи, но и да ви понудиме каталози со автентични рецепти, книги за деца, македонско списание или други македонски изданија, велат од Здружението.
Саемот на книгата се организира на плоштадот Унија, на површина од 850 квадратни метри, на кој својата понуда ја покажуваат многубројните издавачи, продуценти и дистрибутери на романски и странски книги.
Саемо е отворен од 10:00 до 20:00 часот, а влезот е слободен.