Skip to content
Во Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

„Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“- промоција на Зборник на трудови

„Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“- промоција на Зборник на трудови

21.12.2022

Утре, во 11 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“,први кат, ќе биде промовиран Зборникот на трудови од меѓународната научна конференција- Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура.

Промотори на Зборникот се акад. Марјан Марковиќ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Научната конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ се одржа во јуни 2021 година, а по повод 40 години од основањето на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

error: Content is protected !!