Skip to content

Крушево и Елбасан го презентираа проектот за прекугранична соработка

Крушево и Елбасан го презентираа проектот за прекугранична соработка

29.05.2023

Проектот за прекугранична соработка „Крушево и Елбасан – призната туристичка прекугранична дестинација“ е еден од најуспешните од третиот повик на ИПА програмата што ја финансира Европската унија, беше истакнато на вчерашната презентација на Проектот на полетувалиштето на Мечкин Камен на кое присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир, од министерството за локална самоуправа и градоначалниците на Елбасан и на Крушево. Ова е моја прва официјална посета на Крушево, срцето, пулсот на самата земја поради историјата што ја има.
Задоволни сме од соработката со Крушево. Европската Унија има придонесено за развојот на градот, во реставрација на училиштето „Никола Карев“, на спортската сала и поддршката за зголемување на туристичкиот избор на спортовите кои се нудат во Крушево. Ќе има и други проекти, зашто како што се приближуваме во тој процес до Европската унија ќе се случуваат многу промени на теренот и не само во Крушево, а и во повеќе сфери: во животната средина, во менаџирањето со цврст отпад и во другите сфери на општественото живеење. Што се однесува до полетувалиштето за параглајдеристи, имате терен од светска класа, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир при посетата на Крушево.
Крушево користи голем број средства од фондовите на ЕУ за подобрување на инфраструктурата, за спортските објекти, за целосна реконструкција на старата училишна зграда, а најнов е проектот за прекугранична соработка со Елбасан, Албанија. Проекто е во завршна фаза. Крајниот род е уште една година.
Обновено е полетувалиштето на Мечкин Камен, направен е паркинг, сменети се уличните со лед светилки. Туристичките аспекти на Крушево се зголемуваат со брзо темпо, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево. Првата прекугранична соработка на Крушево и Елбасан е основа за сите други можности за соработка што им се нудат на двата града.
Елбасан е една од поголемите општини во Албанија и ја има истата типологија како Крушево. Го имаме местото Фурна погодно за параглајдерството. Соработката со Крушево е одлична. Нашата цел е да имаме поголем туризам со ова се опфаќа целиот Регион, изјави Гледијан Латја, градоначалник на Елбасан, Албанија.
По презентацијата на проектот за прекугранична соработка Татјана Јанеска од Министерството за локална самоуправа нагласи дека овој проект е еден од најуспешните од ИПА 3 програмата.
error: Content is protected !!