Skip to content

ЗГМНЗ „Гоце Делчев“ од Врање, Пчињски округ

Конкурс за творби по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев

Конкурс за творби по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев

27.01.2023

Ј А В Е Н  П О В И К

„Гоцеви денови 2023“

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите’’

Ретки се народите кои имат личности од формат на Гоце Делчев. Со право современа Македонија гаи длабок пиетет кон Гоце Делчев, првенецот на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. век.

И ова година по десети пат ЗГМНЗ „Гоце Делчев“ Пчињски округ Врање ке организира манифестацијата ,,Гоцеви денови-2023,,.Во склоп на ова манифестација е и конкурсот по повод раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев (04.02.1872), со тема „Животот и делото на Гоце Делчев“. На конкурсот може да учествуваат ученици со песна, состав, филм и цртеж на дадената тема од основните и средните училишта во три категории.

Завршна вечер на манифестацијата „Гоцеви денови 2023“ ќе се одржа на 4 мај во регионалната канцеларија на здружението каде ќе бидат поделени награди и признанија..

На завршната вечер планираме настап на средното музичко училиште Стеван Мокрањац.

error: Content is protected !!