Skip to content

Македонска заедница во Канада

Комитска вечер во Мисисага

Комитска вечер во Мисисага

24.04.2023

Синоќа во Македонска православна црква “Свети Илија” во Мисисага се одржа традиционалната годишна Комитска вечер.
Македонците од Мисисага и Канада евоцираа спомен за македонската револуционерна борба за државност, национална, социјална и црковна слобода.
Комитската вечер ја благослови Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, Митрополит Американско-Канадски со свештеници од црковните општини во Канада.
Со македонско мени и богата културно-уметничка програма, со македонски народни песни и ора, Македонците поминаа прекрасна Македонска вечер.
error: Content is protected !!