Skip to content

ОМО Илинден – Пирин

Книгата за Вапцаров од Стојко Стојков со второ издание

Книгата за Вапцаров од Стојко Стојков со второ издание

23.03.2023

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград, Бугарија отпечати второ издание од книгата „Никола Вапцаров: Ние сме Македонци и нашата креативност мора да биде во служба на македонската кауза“ од проф. Стојко Стојков. Ова е бугарско издание на книгата, а македонското треба да излезе во печат на Матица македонска.

Од ОМО Илинден – Пирин информираат дека книгата може да се набави во самиот клуб, во македонските организации во Бугарија или на е-пошта: tasko.am@abv.bg. Второто издание на книгата кое е отпечатено со собирање средства од читателите и преку спонзорство на група македонски патриот има симболична цена од 5 лева.

Средствата од продажба на книгата се наменети за активностите на клубот.

error: Content is protected !!