Skip to content
Кога бугарските научници не беа платеници

Карта со етничките граници на Македонија изработена од Географскиот институт во Софија

Карта со етничките граници на Македонија изработена од Географскиот институт во Софија

08.12.2022

Воените дејствија на Првата светска војна започнале со бомбардирањето на Белград на 28 јули 1914 година. Како и секоја друга војна, нејзиниот крај бил потпишан на зелената маса, а во случајот на оваа војна на зелените маси во повеќе центри. Главниот мировен договор бил Версајскиот договор, потпишан на 28 јуни 1919 година меѓу сојузничките и придружните сили и Германија.
За нас, особено важен е договорот од Неј на Сена потпишан на 27 ноември 1919 година меѓу државите, победнички во војната и Бугарија, држава која беше во таборот на губитничките сили.
Овој Договор има неколку делови. Во првиот, во неколку членови, се наведуваат земјите на победничкиот блок во Првата светска војна, како и оние поразените.
Следат:
Дел II
Договор за мир меѓу сојузничките и придружните сили и Бугарија.
(Неј, 27 ноември 1919 година) (член 27 до член 35)
Дел III
Политички клаузули.
Дел I. СРПСКО-ХРВАТСКО-СЛОВЕНСКА ДРЖАВА
Од член 36 до член 41
Дел II.
ГРЦИЈА (член 42 до член 47)
Дел III. ТРАКИЈА (член 48)
Дел IV. Заштита на малцинствата (член 49 до член 57)
Согласно одредбите на Нејскиот договор, од Географскиот институт во Софија била изработена карта „БУГАРИЈА со границите според договорот од Неј (1919 година) вклучително со Јужна Добруџа“.
На картата, со црвена линија е исцртана етничката граница на Македонија, онаква каква е исцртана и на многу други карти на Балканот, што недвосмислено говори за времето кога бугарските научници, пред се‘ географи и историчари, не биле платеници.
Во периодов кога бугарската агресија за обезличување на Македонците, како во Македонија, така и во Албанија, во Србија, на Косово, многумина се прашуваа зошто Бугарите не покажуваат интерес за Македонците во Егејска Македонија. За да го разјасниме тоа прашање, за јавноста треба да кажеме дека во согласност со Договорот од Неј, меѓу Владата на Неговото Височество Кралот на Бугарите и Владата на Република Грција била потпишана согласност во Софија на 18 март 1924 година.
Покрај другото, согласно наведената спогодба, била извршена и размена на население при што бројни Македонци заедно со своите семејства заминале од Егејска Македонија во Бугарија, бегајќи од тортурата која со децении ја трпеле од денационализаторската грчка власт.
На картата која ја претставува бугарската територија според Нејскиот договор од 1919 година, јасно се гледа ЕТНИЧКАТА ГРАНИЦА на Македонија. Од неа, уште еднаш, заинтересираните можат да ги согледаат рапарчените македонски делови, кои тогашните Големи сили уште во 1913 година ги откинале од македонското етничко ткиво и ги „подариле“ на своите пулени меѓу балканските држави. Секоја од соседните држави, добила парче од македонската територија, зависно од интересот за зголемување на сферите на влијание на Големите сили.
И денес, заради свои интересни сфери, некои од старите Големи сили облечени во овчка кожа, повторно се впуштија во одбрана на балканските пулени, за сметка на разнебитувањето на македонското ткиво. Историјата се повторува, само играчите се нови.
Карта со етничките граници на Македонија изработена од Географскиот институт во Софија
Карта со етничките граници на Македонија изработена од Географскиот институт во Софија
error: Content is protected !!