Skip to content

Калиа Димитрова дел од Versopolis платформата

Калиа Димитрова дел од Versopolis платформата

03.01.2023

Kaлиа Димитрова е уште една македонската поетеса од помладата генерација која стана дел од Versopolis платформата. Таа беше номинирана од Струшките вечери на поезијата и се приклучува кон претходно номинираните поети што ќе ја имаат можноста да бидат избрани како потенцијални учесници на фестивалите што се членки на платформата Версополис.

Препевот на нејзината поезија што е дел од нејзиниот профил на веб страницата на Версополис, го направи Милан Дамјановски , универзитетски професор, преведувач и постојан соработник на Струшките вечери на поезијата.

Останати поети од Македонија кои се дел од Versopolis платформата се: Ивана Јовановска, Ѓоко Здравевски, Иван Антоновски, Јосип Коцев, Драгана Евтимова, Афродита Николова, Марта Маркоска, Звонко Танески, Андреј Ал-Асади, Митко Гогов, Снежана Стојчевска, Николина Андова, Мане Манушев, Стефан Марковски и Наташа Сарџоска.

error: Content is protected !!