Skip to content

И „ЦАР БОРИС III“ ќе се брише од регистарот

И „ЦАР БОРИС III“ ќе се брише од регистарот

29.03.2023

Вчера Комисијата за употреба на имиња на историски личности даде негативно мислење и за овој клуб. По „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“ ќе се брше од Централниот регистар. Во образложението се вели дека именувањето на клубот со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

„Цар Борис Трети  е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка“, се вели во соопштението од Комисијата.

Сега на ред е министерот за правда кој го има последниот збор. Министерот Лога уверуваше дека ќе ги почитува законските измени донесени во законодавниот дом за именувањето на здруженија и фондации.

error: Content is protected !!