Skip to content

Македонска заедница во Хрватска

Изложба “Убавите жени“ по повод денот на државноста на Хрватска

Изложба “Убавите жени“ по повод денот на државноста на Хрватска

31.05.2023

По повод Денот на државноста на Хрватска, завчера во салата „Тоше Проески“ на новоосветената и прва македонска православна црква во Хрватска „Света Злата Мегленска“ во Загреб, беше поставена изложбата „Убавите жени“ на ликовниот уметник Славчо Максимовски.
Изложбата со поздравен говор ја отвори хрватската пратеничка Маријана Петир, истакнат пријател на Македонија и Македонскиот народ. Од името на домаќините, присутните ги поздрави Зорица Велиновска.
Со поддршка на Македонско-хрватското друштво од Тетово, загребската јавност имаше ретка прилика одблиску да ги погледне 29-те комбинирани слики и фотоманипулации на академскиот сликар Максимовски.
error: Content is protected !!