Skip to content

Македонска заедница во Хрватска

Изложба на Литхиен Лорелеи Крстевски

Изложба на Литхиен Лорелеи Крстевски

02.03.2023

Во вторник (7 март) во Културно информативниот центар на Македонија во Загреб, Хрватска ќе биде отворена изложба на Литхиен Лорелеи Крстевски. Изложбата е насловена „Во маглите…“, а Литхиен е матурантка од македонско потекло која го изучува македонскиот јазик и култура од прво одделение.

Нејзината љубов кој изучувањето на јазиците, читањето на книги, пишувањето на поезија за време на часевите по македонски јазик се испреплетува со нејзината умешност да ни ги долови нејзините доживувања и импресии преку авторски слики кои ни нудат многу прашања и одговори.

Се надевам дека сите заеднички ќе ја дадеме својата поддршка и ќе бидеме сведоци и собеседници во успехот кој и го посакуваме.

 Ивана Брезовец

error: Content is protected !!