Skip to content

Македонска заедница во Војводина

Изложба на Викторија Динева во Нови Сад

Изложба на Викторија Динева во Нови Сад

30.05.2023

Како дел од 17.Манифестација “ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НОВИ САД” во петок, во Културниот центар на Војводина „Милош Црњански” во Нови Сад (19 часот) ќе биде отворена изложба на слики на младата македонска уметничка од Скопје, Викторија Динева.
Викторија Динева има завршено Сценографија и костимографија на Ликовната академија во Софија, а магистрирала театарска, филмска и телевизиска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕУРОПА ПРИМА во Скопје. Работи на многу различни проекти во областа на театарот, филмот, анимацијата, рекламата и кореографијата.
Во областа на театарската уметност освен со кореографија и сценографија има и комплетно своја претстава „Петар Пан“ во која се потпишува како режија, драматургија, кореографија и сценографија.
Во областа на анимираниот филм има работено на „Готлиб“ во режија на Крсте Господиновски, „Вистинска приказна за Хансел и Гретел” во режија на Гоце Цветановски, „Кружно патување на Марето“ и „Монахот“ во режија на Жарко Иванов и „Змијулче“ во режија на Кристина Гацова, Крсте Господиновски и Жарко Иванов. Во моментов работи на „Неми филмови“ анимиран филм кој премиерно ќе биде прикажан годинава.
error: Content is protected !!