Skip to content

Македонската заедница во Канада

Изложба за Македонскиот јазик во канадскиот Музеј на јазиците

Изложба за Македонскиот јазик во канадскиот Музеј на јазиците

25.06.2024

Канадскиот Музеј на јазици, кој се наоѓа во кампусот Глендон на Универзитетот Јорк, основан во 2011 година од д-р Елејн Голд, беше домаќин на изложбата на македонски јазик организирана и подготвена од д-р Кристина Е. Крамер и Маргарет Тодороска. Изложбата се одржа на 23 јуни. Многу Македонци и македонски друштва и организации излегоа да покажат поддршка, како Друштвото на Канадско Македонското Наследство (Canadian-Macedonian Heritage Society), Литературното Друштво “Браќа Миладиновци” и студенти од Универзитетот во Торонто.
Изложбата се фокусираше на историјата на македонскиот јазик и го следеше неговото патување до Торонто. Користејќи го истражувањето на неверојатните академици Лилијан Петроф, Ендрју Росес, Виктор Фридман и самата д-р Крамер, изложбата ја демонстрира богатата историја на македонскиот јазик и ја прифатија доселениците во Торонто.
Д-р Голд, д-р Крамер и г-ѓа Тодороска работеа на подготовка на изложбата од декември 2023 година и беа многу задоволни што таа се одржа.
Голема благодарност до Гоце Тодороски за финансирањето на изложбата.
Тие што немаа можност да ја посетат изложбата, можат да ја видат копијата од постерите на веб-страницата на Канадскиот јазичен музеј https://languagemuseum.ca
error: Content is protected !!