Skip to content

Излезе од печат најновиот број на „Современост“

Излезе од печат најновиот број на „Современост“

21.08.2023

Излезе од печат третиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година.
Третиот број опфаќа 28 статии на 134 страници, вклучувајќи: 7 прилози проза, 6 прилози поезија, 4 интерпретации, 3 приопштувања и 8 вреднувања.
Бројот е отворен со прозен прилог од Стефан Марковски и прилози од Филип Јовановски, Оливера Христовска, Наталија Наумовска, Горан Петревски, Иван Стојановски и Љубица Трајкоска.
Со поетски творби се застапени авторите: Ристо Маџунков, Лиле Стефановска, Милчо Мисоски, Рената Јосифовска, Елена Андоноска и Цветанка Невчева.
Рубриката Интерпретации е отворена со прилог од Васил Тоциновски, потоа следат прилози од Васил Михаил, Катерина Котеска и Деспина Буцевска.
Во рубриката Приопштувања се вклучени преведени прилози од Лаура Капра, Селма Асотиќ и Иво Мијо Андриќ.
Крајот е остапен за рубриката Вреднувања во која се застапени прилози од Никола Алтиев, Снежана Стојчевска, Моника Гачева, Трајче Кацаров и Јадранка Клисарова.
Илустрациите во третиот број за 2023 год. се дело на академскиот сликар Никола Пијанманов, а броевите наскоро ќе бидат достапни низ книжарниците на „Литература.мк“ и „Антолог“ во Скопје.
error: Content is protected !!