Skip to content

Ивановски до ново осминафинале во Тунис

Ивановски до ново осминафинале во ТунисИвановски

08.02.2023

Калин Ивановски продолжува со престојот во Тунис и повторно ќе игра осминафинале во Монстир, откако на новиот турнир без проблеми ја мина првата пречка.

Минатата седмица нашиот најдобар тенисер беше сопрен во полуфиналето, но сега најави дека ќе се бори за нова завршница со убедливо издание против Рафаел Шаер.Швајцарецот немаше што да бара во пресметката со Ивановски, кој на најновиот ИТФ фјучерс турнир во Монастир е поставен како втор носител во главниот ждреб.

Калин ја оправда фаворитската улога со доминантна партија и му препушти само еден гејм на противникот, па со убедливи 6:0 и 6:1 се пласираше во осминафиналето.Противникот ќе го дознае утре од пресметката меѓу Шпанецот Рос и Италијанецот Пичионе.

error: Content is protected !!