Skip to content

Светски македонски конгрес Србија

За Демократска партија на Македонците во Србија во “Коалиција за мир и толеранција“

За Демократска партија на Македонците во Србија во “Коалиција за мир и толеранција“

28.09.2023

Демократска Партија на Македонците во Србија и Градскиот одбор за Врање на 30 септември ќе ја промовираат партиската коалиција “Коалиција за мир и толеранција“.
СМК Србија упатува целосна поддршка на претседателот на Градскиот одбор за Врање на Демократската партија на Македонците во Србија, Александар Божиновски и посакува успешна промоција на Демократската партија на Македонците во Србија во “Коалицијата за мир и толеранција“ во Врање.
СМК Србија ги повикува Македонците во Србија да го поддржат Градскиот одбор на Демократската партија на Македонците во Врање и председателот Александар Божиновски.
СМК Србија очекува Македонското здружение “Гоце Делчев“ од Врање да го поддржат на Градскиот одбор на Демократската партија на Македонците во Врање и претседателот Александар Божиновски.
СМК Србија го повикува народниот херој во Србија од Владичин Хан со македонско потекло Драгутин Димчевски да се вклучи во активностите на Демократската партија на Македонците во Србија.
СМК Србија смета дека само со политичка организираност на Македонците во Србија ќе се спречи асимилацијата и ќе го добиеме заслуженото место во српското општество гарантирано и со Уставот на државата Србија, како што е случај со сите национални малцинства кои со политички партии станаа важен фактор во развојот на државата Србија.
СМК Србија оценува дека Македонците ќе придонесат за развојот на државата Србија, како што тоа го правеа и досега до дисолуцијата на поранешна СФР Југославија!
error: Content is protected !!