Skip to content

Занаетчиска комора Скопје одбележува 90 години

Занаетчиска комора Скопје одбележува 90 години

21.12.2022

Во Хотелот „Холидеј ин” денеска ќе биде одбележан јубилејот „Деведесет години Занаетчиска комора Скопје”.

Како што најавија од Комората, на настанот ќе присуствуваат министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Во рамките на овој настан ќе се доделат плакети на занаетчии кои дале значаен придонес низ годините во организираното коморско здружување на занаетчиите. Исто така ќе се доделат 20 мајсторски дипломи за козметичар кои се на VБ ниво во Националната рамка на квалификација, на ниво на посредно образование.

Занаетчиска комора Скопје е основана во 1932 година и има значајно место во економското подигање на занаетчиството во изминатиот период.

Свој настап на овој јубилеј ќе имаат и Фризерска секција – Скопје, со ревија на фризури изработена од врвни мајстори во фризерството и учениците од СУГС „Димитар Влахов”.

error: Content is protected !!