Skip to content

Македонска заедница во Малта

Заврши учебната година по македонски јазик

Заврши учебната година по македонски јазик

29.06.2023

Со доделување на сертификати по македонски јазик беше означен крајот на учебната година за децата кои го изучуваат македонскиот јазик на Малта.
-Во учебната 2022/2023 година, се дружевме и другарувавме, учевме и читавме, зборувавме и игравме, пеевме и се смеевме. Годината ја завршивме со сертификат. Убаво и мирно лето на сите ученици кои посетуваа настава по македонски јазик на Малта. Се гледаме во септември, вели Розита Закева, наставник по македонски јазик на Малта.
error: Content is protected !!