Skip to content

Драган Спасов Дац лауреат на театарскиот фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ 

Драган Спасов Дац лауреат на театарскиот фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ 

Актерот Драган Спасов-Дац е носител на наградата за заслуги во развој и промоција на театарската уметност која се доделува на  Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка.

Свечената церемонија ќе се одржи денес напладне во големата сала за свечености на општина Крива Паланка. Промотори на лауреатот ќе бидат театрологот и театарски критичар, Гоце Ристовски и познатиот актер Благоја Чорески.

Фестивалот продолжува утре и задутре со настанот „Гигафест”, организиран во чест на младиот кривопаланечки деец и режисер, Глигор Цветковски, кој минатата година прерано не напушти во екот на пандемијата со Ковид-19, а фестивалската програма ќе трае во продолжение, од 30 октомври до 6 ноември, со театарски претстави од земјата и странство, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Љубителите на театарската уметност од Кирва Паланка и регионот ќе можат да уживаат во репертоарот нови комедии и перформанси, стенд-ап комедии од познати театри од земјава и Балканот.

error: Content is protected !!