Skip to content

ДПМ: Книжевна средба со Васил Тоциновски

ДПМ: Книжевна средба со Васил Тоциновски

02.11.2022

Во рамките на програмата со активности за одбележување на Општинскиот празник, 7 Ноември, утре денес ќе се одржи литературниот настан „Книжевна средба со Васил Тоциновски“, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Настанот ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:30 година, на кој ќе биде одбележана 50-годишнината од творечката кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар, Васил Тоциновски. За неговото богато творештво ќе зборува професорот д-р Славчо Ковилоски.

Проф. д-р Васил Тоциновски е меѓу најплодните современи македонски автори. Неговото дело се врзува за маркантниот опус сочинет од над 120 книги од сите области, од кои 65 дела од областа на белетристиката и науката, 66 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство и 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници, каде се јавува како автор или коавтор. Во домашната и странска периодика публикувал над четиристотини книжевно-историски студии и над 650 есеи и критики. Тоциновски има фундаментален придонес за развојот на македонската книжевна историја, особено, проучувањето на македонскиот книжевен 19 век, откривањето и дефинирањето на улогата на поединечни дејци, како Атанас Раздолов, Богдан Сираков и други, како и историјата на македонскиот литературен кружок во Софија. Добитник е на голем број значајни награди за своите достигнувања во науката и книжевноста. Бил професор на 1244 студенти по македонистика на Филозофскиот факултет во Риека, ментор на голем број трудови посветени на македонската литература, јазик и култура. Тој е актуелен секретар за активности во земјата на Друштвото на писателите на Македонија.

error: Content is protected !!