Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Донација во спортска облека и реквизити за ОУ „Гоце Делчев” во Прилеп

Донација во спортска облека и реквизити за ОУ „Гоце Делчев” во Прилеп

30.12.2022

Македонското прилепско друштво „Методија Андонов – Ченто” од Мелбурн, Австралија, преку општина Прилеп, на основното училиште “Гоце Делчев” му донираше дваесет дресови за ученици и спортски душеци и топки.

Наставниците по физичко и здравствено образование, ги поделија дресовите на дваесет ученици, а спортските душеци и топки беа распоредени во училишната спортска сала.

Среќните дечиња и наставниците по физичко и здравствено образование, како и градоначалникот на општина Прилеп, изразија искрена благодарност до Македонското прилепско друштво „Методија Андонов Ченто” од Мелбурн за донацијата во спортска опрема и реквизити од Австралија.

error: Content is protected !!