Македонска заедница во Хрватска
Ден на македонскиот филм во Истра
04.12.2023
Во организација на Македонското културно друштво на Истарската жупанија “Свети Кирил и Методиј” од Пула и Заедницата на Македонците во Хрватска, на 6 декември, среда, со почеток во 19.30 часот, во Општествениот центар за градски здруженија во Пула “РОЈЦ”, на улица “Гајева” број 3, Пула, ќе се одржи традиционалниот Ден на македонскиот филм.
За технологијата на филмот ќе зборува проф. Јанко Жуфиќ.
Пред публиката ќе биде прикажан македонскиот филм “Преку езерото”.
Покровители на културната манифестација се: Советот на националните малцинства на Република Хрватска, Истарската жупанија и градот Пула.