Skip to content

Денови на канадска култура

Денови на канадска култура

01.02.2023

Од 8-15 февруари во Скопје и Републиката ќе се одржат Деновите на канадската литература.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на 8. февруари со почеток во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија.

На свеченоста ќе говорат амбасадорот на Канада Џајлс Норман и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески. Притоа ќе бидат претставени и изданијата од канадски автори објавени на македонски јазик, а нив ќе ги промовира секретарот за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија Марина Мијаковска.

Инаку, во рамките на Деновите на канадската литература ќе бидат одржани повеќе промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади.

error: Content is protected !!