Skip to content

Македонска заедница во Хрватска

Денови на глаголицата во Истра

Денови на глаголицата во Истра

18.05.2023

Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“ Пула и годинава ја организираат манифестацијата „Денови на глаголицата во Истра“. Културната манифестација „Денови на глаголицата во Истра“, овој пат насловена „Името е свето“ ќе се одржи во четврток на 25 мај, со почеток во 18 часот, во Општествениот центар на градските здруженија „Карло Ројц“ во Пула.
На програмата има повеќе културни настани. За животот и делото на браќата Кирил и Методија ќе говори проф. д-р Наталија Поповска, а Милена Златеска ќе ја промовира книгата „Мртво пијани песни“ од Здравко Одорчиќ. На манифестацијата ќе биде отворена и изложба насловена „Морето на дланка“ со дела на членовите на „Арт Медулин“. За изложбата свое излагање ќе има Славица Лончариќ Ѓугум. Со своја поезија ќе настапат поети од 12. Фестивал на поезијата „Морето на дланка“, а ќе настапи и хорот и оркестарот на друштвото „Св. Кирил и Методиј“ од Пула.
Манифестацијата „Денови на глаголицата во Истра“ се одржува под покровителство на Советот за национални малцинства на Република Хрватска, Истарската жупанија и Град Пула.
error: Content is protected !!