Skip to content

Делегација на МПЦ-ОА на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

Делегација на МПЦ-ОА на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

04.01.2023

Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА ќе присуствува утре на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА, делегацијата е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Претставници од повеќе христијански цркви најавија дека ќе имаат официјални претставници на литургијата за почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 31 декември на 95-годишна возраст.

Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска.

error: Content is protected !!